X
 07.08.2015 Економија

Потребни се илјадници работници во Австрија

Доколку барате работа или сакате да живеете и работите во Австрија, ова е најдобрата шанса за да го сторите тоа.


Пазарот во оваа земја има недостиг од работници во угостителството, соопшти Сервисот за вработување на Австрија. Поточно, од сервисот изјавија дека се потребни 14.259 келнери, 10.227 готвачи и 5.091 помошници во кујна.

Освен тоа, се има потреба и од помошна работна сила за чистење згради (9.598 лица) и пакување (7.574 лица), општи помошни работи (5.995 лица) и работници во складиште (4.788).

Главниот проблем во земјата кога станува збор за професиите во кои има недостиг е ниската плата, која е неприфатлива за повеќето Австријци.

- Сè додека примањата во хотелиерството и гастрономијата се натпросечно ниски а притисокот натпросечно висок, не треба да се чудиме за недостигот од работна сила во туризмот. - изјави Готфрид Винклер, претседател на синдикатот „Вида“.

Инаку, од 1 мај годинава, вработените во овие области законски се плаќани со минимално 1.400 евра бруто плата месечно.

Повеќе информации околу начинот на добивање работна виза можете да прочитате на ОВОЈ ЛИНК

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија