Доколку планирате да започнете со потрагата по нова работа оваа година, не сте единствени. Како да бидете забележани во толкава група на кандидати за истата работа која ја сакате и вие? Најдобро е да се прашаат експертите за оваа работа.
„
Mashable“ разговараше со 11 експерти од најдобрите технолошки компании во САД за да дознаат кои вештини се бараат оваа година. Некои сознанија се очигледни: технолошките работни места се множат, а компаниите бараат луѓе кои се експерти во нивната област но и работат со страст.
Меѓутоа, многу квалитети кои се бараат од компаниите на одреден начин се меѓусебно контрадикторни. На пример, работодавците сакаат луѓе кои размислуваат како претприемачи, но кои, исто така, учат од останатите и работат во тим.
Докажете дека можете сами, но продолжете во група
Без разлика на положбата, се бараат кандидати кои имаат самостоен начин на гледање на работите. Без разлика на сè, кандидатите треба да бидат способни да покажат што значи успехот за нив, а работодавците мора да бидат сигурни дека кандидатот е експерт во својата област. Меѓутоа, тие треба да се отворени за учење нови вештини во текот на работата.
Бидете подготвени да покажете повеќе разни вештини
Технолошките вештини се бараат, но со овие вештини потребни се и други „меки вештини“, како адаптирање, комуникација, одлучност. Работодавците сакаат да знаат дека ќе бидете способни за соработка со луѓе од различни сфери и заедно со нив ќе работите за доброто на компанијата.
Бидете опседнати со компанијата и областа
- Најбитниот квалитет кој го бараме е страста за нашиот бизнис: тие знаат што правиме и возбудени се за можноста да дојдат и работат со нас - вели Стефани Мартин од „Boost Media“.
Покажете страст за работата и личниот живот
Експертите изјавуваат дека се ценат кандидатите кои успеваат и на приватно поле, односно имаат хоби и добро го поминуваат слободното време, волонтираат или патуваат. Компаниите денес сакаат инспирирани и инспиративни кандидати.
Бидете специфични за успесите и падовите
Кандидатите треба да знаат да покажат дека може да даваат добри резултати но и знаат да измерат и дефинираат успех. Кандидатите се советуваат да гледаат назад кон своите минати достигнувања и да може да опишат како и зошто успеале или не успеале во нешто.
Имајте самодоверба
- Совршениот кандидат има самодоверба, не само во она што веќе го знае, туку и во способноста да научи нешто ново - Терел Слеџ од „Sailthru“. Оваа самодоверба треба да биде видлива за време на интервјуто за работа.