Пол Кругман, професор на Принстон и нобеловец од подрачјето на економијата, објаснува зошто богатите глупави луѓе имаат поголеми шанси да завршат факултет и да имаат поуспешна кариера од оние кои се паметни но сиромашни.
„Отсекогаш велев дека немам ништо против богатите, само би зел дел од нвините пари и би им помогнал на оние на кои им се потребни. Но, гледајќи низ призмата на политичката економија, екстремно богатите се проблем, дури и тогаш кога би им одзеле дел од парите“, објаснува Пол Кругман.
„Среќата е огромен фактор за некој да биде успешен. Успешните луѓе тешко тоа го признаваат, но човек треба да биде на вистинското место во вистинското време. Еве, јас имам успешна кариера, но постојат уште многу еднакво паметни луѓе кои едноставно не биле на вистинското место во вистинското време. Но, уште поважно е тоа дека е многу потешко ако човек е сиромашен. Замислете детето да ви се разболи и да нема здравствено осигурување. Замислете колку малку простор за грешки имаат овие луѓе“, вели тој.
Малку простор за грешки. Во оваа реченица лежи проблемот. Имено, оној кој има доволно пари, може да си дозволи да ја падни годината. Од друга страна, оној кој нема пари, не може, а често со студирањето и мора и да работи бидејќи станот, храната и социјалниот живот не се бесплатни. Исто така, богатите едноставно имаат среќа.
„Глупавото боато дете побрзо ќе заврши факултет и ќе има успешна кариера од сиромашното, кое е попаметно“, вели тој.
И ова е вистина. Ако едно дете во Македонија не се запише на факултет или го прекине студирањето само затоа што не може да го плати, тогаш тоа не значи ништо друго туку тоа дека образованието не е еднакво достапно за сите луѓе во земјата.