X
 22.09.2015 Образование

Јапонија ги укинува студиските програми за општествена наука на универзитетите

Поголемиот дел од луѓето кои ги следат вестите од Јапонија, знаат што се случува со економијата и други случувања. Меѓутоа, мал број луѓе знаат и за една доста голема и загрижувачка промена во јапонската политика за образование, која не доби доста внимание од медиумите.

 

japonija


Во суштина, јапонската влада нареди сите државни универзитети во земјата да ги укине сите програми за општествена наука и право.

Налогот, издаден во форма на писмо од министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија, Хакубун Шимомура, е необврзувачки - двата врвни јавни универзитети во земјата одбија да соработуваат. Меѓутоа десетици јавни училишта го прават она што владата повика да го направат. На повеќето од овие универзитети повеќе нема да има студиски програми за економија, студенти по право, литература, социологија или политички науки. Ова е зачудувачка, драматична промена и заслужува многу повеќе внимание отколку што добива.

Најпрво, елиминирањето на општествените науки може да сигнализира враќање на неуспешната и застарената индустриска политика. Голем број набљудувачи ја интерпретираат промената како економска политика со намера да ја пренасочи јапонската популација кон инженерството и другите технолошки вештини и да ги пренасочи надвор од нејасните дисциплини. Меѓутоа, ова е ужасна одлука на Јапонија.

Брзиот раст на Јапонија во 1960-те и 1970-те беше создаден врз основа на производствената индустрија. Ова е чест случај кај земјите во развој. Но, кога земјите се збогатуваат, тие обично се префрлаат кон услужните индустрии. Финансиите, консалтингот, осигурувањето, маркетингот и другите услужни индустрии не произведуваат материјални добро, но помагаат да се организираат модели за поефикасно производство - нешто што на Јапонија и` е очајно потребно.  

Но јапонската продуктивност расте доста бавно од почетокот на 90-те, и доста заостанува за разлика од Америка. Ако Јапонија сака да ја смени ситуацијата, тогаш ќе и` биде потребно повеќе од работна сила од квалификувани инженери. Ќе и` бидат потребни менаџери кои ќе можат да комуницираат со овие инженери и еден меѓу друг. Ќе и` бидат потребни концептуални мислители кои ќе можат да формулираат бизнис планови и стратешки визии. Ќе и` бидат потребни финансиери кои ќе можат да ги пренасочат заштедите и наместо да се финансираат старите индустрии, ќе финансираат нови продуктивни. Ќе и` бидат потребни адвокати кои ќе најдат решение за случаите на интелектуална сопственост и ќе им помогнат на претпријатијата да се движат низ интернационалниот правен систем. Ќе и` бидат потребни консултанти за оценување на работата на бескорисните компании за да бидат повторно профитабилни.

Со други зборови, ќе им бидат потребни еден куп општествени науки и хуманистички студенти.

Затоа, промената на боразованието е голем чекор назад во економска смисла.

Накаизуми посочува дека промените кои би можеле да настанат се предложени во консултација со Министерството за финансии и Министерството за економија, трговија и индустрија. Доколку е тоа така, овој факт уште повеќе загрижува. И двете министерства ја разбираат потребата Јапонија да изгради стабилна сервис-сектор економија. Но ако ја спроведат оваа политика, тоа значи дека политиката која ги поткопува нивните цели се реализира пред нивниот нос.

Ова би биле доста лоши вести за Јапонија, бидејќи укажува на тоа дека лошо креира политики. Ненадејната природа на реформите и фактот што доаѓа од министерствата а не од законодавната власт, исто така нагласува лоша рамнотежа во јапонскиот систем.

Јапонија треба да продолжи да нуди образование во општествените и хуманистичките науки. Неа и` е потребен потранспарентен режим за креирање на политиките. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование