X
 13.02.2022 Живот

Читањето нѐ прави посреќни

Истражување спроведено неодамна од страна на онлајн сервисот „Скрибд“, со цел да се проучат навиките за читање на Американците, покажало дека читањето ги прави луѓето посреќни.

Во истражувањето учествувале над 2.000 испитаници, кои одговарале на прашања поврзани со читањето. Меѓу другото, било откриено дека една просечна личност има слободно време од околу 4 часа и 26 минути неделно. Просечните Американци го поминуваат ова слободно време гледајќи филмови или серии, завршувајќи обврски или користејќи социјални мрежи.


Фото: Pixabay

Околу 52 отсто од анкетираните изјавиле дека читаат најмалку 15 минути дневно, а само 22 отсто читаат над еден час дневно. Околу 35 отсто изјавиле дека би сакале да можат да читаат повеќе.

Како влијае читањето?

Околу 55 отсто од испитаниците одговориле дека по читањето се чувствуваат релаксирани, 33 отсто се чувствуваат посреќни, а 32 отсто се чувствуваат попаметни. Дури 75 отсто од испитаниците сметаат дека оние што читаат се попаметни од оние што не читаат.


Фото: Pixabay

Околу 66 отсто изјавиле дека по читањето се чувствуваат поуспешни, а 45 отсто така се чувствуваат по користење на социјалните мрежи. Повеќе од половината, односно точно 55 отсто од испитаниците сметаат дека е доволно дневно да читаат само 15 минути за да чувствуваат дека постигнале нешто.

Само 5 отсто од луѓето сметаат дека читањето е губење време, а 35 отсто од испитаниците го мислат тоа за социјалните мрежи. Околу 39 отсто од анкетираните не читаат повеќе бидејќи немаат време, а 22 отсто не читаат повеќе бидејќи е полесно да се прави нешто друго, како гледање „Нетфликс“.

Извор: Lola Magazin
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот