X
 09.08.2015 Култура

Која е разликата меѓу англискиот и американскиот јазик?

Англискиот и американскиот јазик би требало да се ист јазик, меѓутоа сепак звучат различно. Како дошло до промената на јазикот во Америка?

 

англија


После колонизацијата на Новиот свет, жителите на новооткриениот континент зборувале исто како и нивните роднини од другата страна на Атлантскиот океан. Три векови подоцна - нешто се променило.

Првите англиски колонии се наоѓале во Џејмстаун, Вирџинија, а настанале во 1607 година. Благодарение на аудио записите, од кој првиот бил снимен 1859 година од Едуардо леон Скот де Мартивил, околу 300 години подоцна можело јасно да се чуе дека жителите на Америка комуницираат на јазик сличен на англискиот, меѓутоа сепак се разликувал.

Иако првите аудио записи датираат од крајот на 19-от век, сепак недостасуваат звучни докази кои би ги прикажале промените во јазикот кои се случувале во Америка од периодот на колонизацијата на Британците, па се` до денес. Без оглед на недостатокот на документирани пормени во јазикот, експертите се`уште веруваат дека можат да докажат кога се случила најголемата промена во јазикот и кои биле причините.

Ако се гледа една од најголемите разлики во јазикот, може да се заклучи дека тоа е изговарањето на буквата „R“. Разликата е повеќе од очигледна бидејќи во Америка се изговара јасно, додека во британскиот англиски јазик не се слуша нејзиниот изговор. Американците велат /hard/ додека Англичаните велат  /ha:d/.

Меѓутоа, во англискиот јазик не била секогаш изоставена буквата R за време на говорот. Тоа се случувало постепено, кога јужниот дел на Англија повисоките класи во секојдневниот говор престанале да ја користат буквата R. Според нив, на тој начин зборувањето било поотмено, па таа била причината поради која се прифатил ваквиот начин на говор и поради кој станал стандарден и официјален изговор.

Наскоро сите зборувале на тој начин, а по целата империја започнал да се шири овој вид на говор, благодарение на британските војници кои патувале наскеаде кадешто имало британски колонии.

„Новиот“ англиски јазик започнале да го зборуваат и жителите на англиските колонии, пред се` сите оние кои се наоѓале по должината на брегот.

На почетокот на 20-от век, после индустријализацијата и Граѓанската војна во Америка, политичкото и економското влијание преминало и во другите делови на Америка - Филаделфија, Питсбург, Кливелнд, Детроит, Њујорк итн. Меѓутоа англиската елита имала се` помало влијание врз културата и јазикот, поради што во овој дел на Америка се населиле имигранти од Шкотска и Ирска. Нивниот начин на изговор на R бил целосно различен од англискиот, такашто тие буквата ја изговараат сосема јасно.

Поради ова влијание на јазикот и социјалната интеракција, во Америка започнало да се зборува на овој начин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура