Спиеш, јадеш и се облекуваш на факултет бидејќи имаш предавања ЦЕЛ ДЕН!
Имаш редовни домашни задачи по секој предмет, иако не си во средно.
Знаеш да читаш на повеќе азбуки во споредба со другите.
Единствен си од пријателите што ги сака своите професори.
Едвај чекаш да се вратиш на факултет по испитна сесија.
Запирката на вистинското место те возбудува.
Исто како и секој друг правилно употребен интерпункциски знак.
Но и правилната употреба на „You're“ и „Your“.
Имаш повеќе книги отколку пријатели надвор од факултетот.
Во телефонот имаш и аудиокниги и вежби за изговор покрај песни.
Само за тебе зборот „романтика“ има мрачно значење.
Секоја странска литература освен англиската е аматерска.
Една од омилените интернет-страници ти е „Спаркноутс“.
Гледаш телевизиски серии за да се смееш на преводот.
Доколку во сон ти наредат да пишуваш есеј, веднаш знаеш како да го почнеш воведот.
Кога сме кај пишувањето, можеш напамет да составиш формално писмо за која било пригода.
Сите твои книги се „украсени“ со твоја поезија.
Трошиш повеќе пари за книги отколку за облека или накит.
Само ти од друштвото одиш на факултет со ранец или голема торба.
Математика? Кому му треба математика?
Фала му на Бога што постоел Шекспир за да измисли толку зборови.
Книгата е секогаш подобра од филмот!
Пиењето чај и читањето книга - одлично поминато време.
Можеби многумина знаат англиски, но само ти знаеш што е „оксфордска запирка“.