Сите ние сакаме да користиме зборови со кои ќе звучиме професионално, па со тоа да поттикнеме позитивно влијание на нашиот долгорочен успех. Сепак, грижата за секој искористен збор може да ве донесе во стапица - да станете премногу критични за зборовите кои ги користат другите луѓе. Доколку сте наставник, можеби ова не се однесува на вас, но некои луѓе треба да го променат односот барем малку. Започнете да ги прифаќате некои од следниве грешки кога зборувате англиски јазик
Him/her или his/her наспроти them или their
Во англискиот нема неутрален збор кој означува посесивност, па многумина користат them или their, кога технички him/her или his/her се точни.
Who наспроти that
That се однесува на нешта, а who се однесува на луѓе, но нема потреба да се посочува грешката доколку се разбере значењето.
Less наспроти fewer
Ова можеби ве излудува, но не вреди да се расправате за тоа. Технички, користите fewer кога зборувате за работи кои може да се избројат или измерат лесна (This checkout line is for people with nine items or fewer), додека less се користи за работи кои не може да се избројат или измерат лесно (We need less hatred in the world).
Прескокнувањето на -ly во прилозите
Можеби се сеќавате на кампањата на „Apple“ - Think different. Граматички, погрешно е да се отстрани ly од прилогот, но не е страшно, дури и гигант како „Applе“ го прави тоа. Irregardless Ова технички не е збор, но се користи премногу па веќе станува збор. Еден ден сигурно ќе биде прифатен и официјално.
Further наспроти farther
Правилото гласи: Користете го farther за физичка дистанца и further за метафорична или фигуративна дистанца. Но, не ги поправајте луѓето кои ги користат неправилно.
Me наспроти I
За да знаете дали треба me или I, отстранете ја другата личност од реченицата и видете дали I или me има смисла.
i.e. наспроти e.g.
Доколку сакате да знаете како да ги користите правилно, i.e. значи in other words (со други зборови, поинаку кажано), додека e.g. значи for example (на пример).
Нецелосни споредби
Да, може да биде напорно да го слушате ова, но многумина го прават. Многумина почнуваат споредба, но не ја завршуваат. На пример, тие велат Our company's products are better, cheaper, and more efficient. Повеќе ефикасни од што?
Into наспроти in to
Ова се различни зборови и фрази, но се користат речиси како синоними. Into е транзитивен збор - Turning lemons into lemonade - додека in и to е прилог следен од предлог, најчесто кратенка од in order to - I just came in to get my computer before the meeting.
Двојни негативи
Nobody know nothing about anything. Повеќето знаат дека не треба да користат двојни негативи, но сепак ги користат.