Карви Ехрен Меигу, студент на Универзитетот „Мапуа“ во Манила, беше прогласен за добитник на наградата „Џејмс Дајсон“ за глобална одржливост.
Наградата „Џејмс Дајсон“ е меѓународен конкурс за дизајн, отворен за инженери од над 30 земји во светот. Го води фондацијата „Џејмс Дајсон“, името што стои зад популарниот бренд „Дајсон“.
27-годишниот Карви од Филипини победи 1.800 кандидати со својата неверојатна идеја наречена „АуРЕУС“ (AuREUS).
Фото: Тha National News
Што е „АуРЕУС“?
Станува збор за систем за обновлива енергија што се користи за прозорци и ѕидови на згради. Новиот материјал што овој студент го измислил доаѓа од скапано овошје и зеленчук. Ја апсорбира УВ-светлината од сонцето и ја претвора во електрична енергија.
Фото: The National News
Она што го прави посебен
овој дизајн е што за разлика од обичните соларни панели, системот работи исто толку добро, дури и ако материјалот не добива топлина од сонцето.
Како функционира „АуРЕУС“?
Честичките што се добиваат од овошје и зеленчук се суспендираат во обвивка од смола. Кога ќе бидат погодени од сончева светлина, честичките апсорбираат и емитуваат светлина по рабовите. Потоа светлината е „заробена“ и претворена во електрична енергија.
- „АуРЕУС“ е импресивен по начинот на кој создава одржлива употреба на остатоци од култури, но јас сум особено импресиониран од одлучноста на Карви - вели Џејмс Дајсон.
Фото: Rappler
Карви добил 39.972 долари како дел од наградата.
- Освојувањето на оваа награда е и почеток и крај. Одбележа крај на години исполнети со сомнежи за тоа дали мојата идеја ќе има некаква глобална важност. Но, го означува почетокот на патувањето за конечно воведување на „АуРЕУС“ во светот - изјави студентот.
Извор:
Mashable.com
Фото:
The National news