X
 25.07.2019 Живот

Во Балтикот пронајден брод стар пет века

На дното на Балтичкото Море, недалеку од брегот на Шведска, истражувачи пронашле остатоци од брод стар околу 500 години, што сѐ уште е во доста добра состојба.

Како што се наведува, бродот потекнува од крајот на 15 или почетокот на 16 век. Се претпоставува дека јарболите, како и другите делови од пловилото се речиси нечепнати поради ладните и помалку солени балтички води.

Потеклото на бродот сè уште не е точно утврдено. Освен тоа, нема име, оти во тоа време и во овој дел од светот, именувањето бродови не било пракса, па штотуку пронајденото пловило е означено само како – „Непознат брод” (на шведски – „Okänt Skepp“). Долг е околу 18 метри, речиси колку славната водечка „Санта Марија” на Колумбо, која исто така, е изградена во тоа време. „Непознатиот брод” е од големо историско значење, оти е постар и посочуван од многу други потонати бродови во Балтикот.

Археологот Пачеко Руиз го опиша бродот како „најстариот брод на Балтикот” и нагласува дека никогаш порано не е откриен брод со јарболи и сидро во тоа подрачје.

Најголемото прашање е – како бродот воопшто завршил на дното, оти нема оштетувања што би можеле да предизвикаат потонување. Следуваат дополнителни истражувања.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот