X
 05.08.2019 Живот

Воени авиони помогнале во гаснење на пожарите во Сибир

Руски воен авион во еден ден исфрлил повеќе од 1.200 метрички тони вода на подрачјата зафатени од шумските пожари во Сибир, постигнувајќи напредок во гаснењето на огнот.

Руските вооружени сили соопштија дека со вода од воени авиони и хеликоптери е изгаснат пожар на околу 1.700 квадратни километри во областите Иркутск и Краснојарск.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела побара од воениот персонал да се вклучи во борбата против шумските пожари во Сибир и на Далечниот Исток, кои заедно зафатиле територија со големина на Белгија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот