X
 09.06.2016 Технологија

Русија претстави нов патнички авион

Русија претставила нов авион кој треба да ја оживее националната авионска индустрија и да ја намали зависноста од западните авиони на земјата. Авионот МЦ-21 е двомоторен патнички авион кој неделава беше претставен во сибирскиот град Иркутск.


Авионот бил произведен од страна на компанијата „Иркут“, дел од државните обединети корпорации за производство на авиони.

За разлика од старите советски летала, новиот авион е изграден од материјали кои се полесни, а ја зголемуваат комерцијалната ефикасност на авионот. Во него ќе бидат вградени нови мотори од руско производство кои се прават сега. Првите испораки се очекуваат во 2018 година.

Рускиот национален авионски превозник „Аерофлот“ и другите руски авионски компании започнале се' повеќе да користат авиони на „Боинг“ и „Ербас“, но владата како главен приоритет го прогласила оживувањето на домашната авионска индустрија.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија