X
 13.08.2015 Образование

Втор ден уписи на Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип успешно го реализира првиот уписен рок за академската 2015/2016 година. На вториот ден од приемот на документи повеќе од 400 кандидати ги поднесоа своите документи за запишување на некоја од студиските програми на факултетите и академиите на УГД (заедно со вчера поднесените 811, вкупната бројка на потенцијални нови студенти на УГД е близу 1.300). Конечната бројка на пријавени во првиот уписен рок ќе се знае по утрешниот трет ден на пријавување.


- Прелиминарно, бројките се според очекувањата, приближно исти како и минатата година. На Факултетот за медицински науки на некои студиски програми веќе е надмината бројката на предвидени места. На техничките факултети денеска бројот на пријавени кандидати е зголемен и е во рамките на очекувањата. Во првиот уписен рок доаѓаат потенцијални студенти кои имаат претстава каде сакаат да се запишат и доаѓаат подготвени. Вториот рок е шанса за сите кои имале некои недоумици околу својот избор. Имаме и голем број средни училишта кои сèуште не ги издале дипломите,а наредната недела се полага и државна матура за оние кои не ја положиле. Мал проблем има за дипломите од странство кои се нострифицираат во Министерството за образование, таа постапка оди прилично бавно, па ова е како една забелешка да се ажурира нострификацијата за да можат студентите подготвени да доаѓаат за запишување на факултет – изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска.


  Таа, исто така, ги повика сите заинтересирани за запишување на факултет да го искористат третиот ден од првиот уписен рок и да ги поднесат своите документи на пријавните места кои, како вчера и денеска, и утре (петок, 14 август) ќе бидат отворени од 8 до 16 часот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование