Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток наскоро ќе го нуди најдолгиот комерцијален лет во светот.
„Емирати“ најави дека ќе започне со секојдневни летови меѓу Дубаи и Панама Сити, првата дестинација во Централна Америка. Авиокомпанијата вели дека летот долг 17 часа и 35 минути е најдолгиот лет.
Моментално авиокомпанијата „Квантас“ го нуди најдолгиот лет во светот од Далас до Сиднеј кој трае 17 часа. „Сингапур Ерлајнс“ претходно имаше уште подолг лет од Сингапур до Њуарк, Америка меѓута беше откажан во 2013 година.
Летот до Панама е закажан да започне од 1 февруари