Сите оние што се љубители на адреналински спортови и активности, сега можат да летаат на вртоглави 120 метри над улиците на Берлин, на највисоката лулашка во Европа.
Посетителите се врзани со сигурносни појаси и се нишаат над плоштадот „Александарплац“ во центарот на градот.
Лулашката се наоѓа на покривот на хотелот, а посетителите треба да се качат со лифт до 35. кат од зградата и да се искачат уште 2 метри за да стигнат до неа.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC