16.08.2015
Образование
Околу 1.600 завршени средношколци конкурираа на УГД
Заврши првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
По трите дена за прием на документи, околу 1.600 завршени средношколци конкурираа за запишување на некоја од студиските програми на 12 факултети и 3 академии.
Според проректорот за настава, проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, ова е во рамките на очекувањата на Универзитетот, и е реална бројка. Вториот уписен рок е пријавен пик за дел од студентите кои од најразлични причини не успеале да се запишат во првиот, со што се очекува дека во трите уписни рокови бројката на пријавени кандидати ќе биде приближно иста како и минатата година. Резултатите од успехот во средното образование ќе бидат објавени на 19 август, а решението за прием на кандидатите треба да биде објавено на 21 август.
Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 24 и 25 август, а тие два дена исто така се предвидени за реализација и на вториот уписен рок.