X
 18.08.2015 Технологија

Како да им се јавите на астронаутите во Меѓународната вселенска станица?

Изминатата недела, еден радио ентузијаст испрати сигнал до Меѓународната вселенска станица. Адријан Лејн не очекувал да добие одговор, но добил и разговарал со астронаут приближно 45 секунди пред станицата да изгуби сигнал. Краткиот повик на Лејн до астронаутот во вселената го привлече вниманието на медиумите, но според НАСА, ова се случува постојано.


Имено, на станицата има радио слично на оние кои ги користат сите радио ентузијасти низ светот. Тоа значи дека секој може да се обиде да се јави во станицата.

Аматерските радија се составени од радио фреквенции поставени од страна на сопственикот. За овие фреквенции да стигнат до воздушните бранови потребно е основно знаење од радио технологијата. Потоа, потребна е и опрема.

Постои водич за користење опрема за поставување радио станица (најдете го овде). Доколку навистина сакате да се слушнете со астронаут, ќе мора да ја проверите страницата на Меѓународната вселенска станица (овде), според која ќе знаете кога може да се обидете да воспоставите сигнал до станицата.

Најголеми шанси за добивање сигнал е во моментот кога станицата се наоѓа над вас. Постои софтвер за следење на станицата (најдете го овде).

Конечно, земете ги предвид и обврските на астронаутите. Тие се зафатени и можеби нема да одговорат на вашите повици. Обврските на астронаутите може да ги пронајдете овде.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија