Канадската компанија „Thoth Technology“ планира да гради2 0 километри висок небесен лифт кој може да за види само во научно-фантастичните филмови, со цел да ги намали трошоците за истражување во вселената. Патентот за „вселенскиот лифт“ веќе и` е даден на канадската компанија, а градбата ќе биде 20 пати повисока од Бурџ Халифа во Дубаи.
Исто така, лифтот би ја поминувал таканаречената граница на Армстронг, точка на висина од 19 километри на која телесните течности почнуваат да вријат поради нискиот притисок.
„Вселенскиот лифт има јадро кое ќе се движи. Секој сегмент би бил формиран од најмалку една клетка под притисок, која може да биде полна со воздух или друг гас“, се наведува во патентот.
Целата стурктура би ја стабилизирала активна контролна машина. Компанијата верува дека тоа би било многу поефикасно од лансирање на вселенски летала од стратосферата бидејќи ќе се троши помалку гориво.
Идејата е да се направи платформа која би можела да се користи за превоз на вселенските летала и нивно лансирање, со што би се намалил трошокот за една третина.
„Астронаутите со лифотот ќе бидат транспортирани повеќе од 19 километри, а од врвот на кулата може да полетуваат и слетуваат вселенски летала“, вели вели Д-р Брендан Куин, човекот кој стои позади идејата.
Научниците исто така објаснуваат дека лифтот би можел да се користи за научно истражување, вселенски туризам, комуникации и производство на електрична енергија преку ветер. И покрај тоа што звучо како научна фантастика, концептот не е нов, а во патентот детално се објаснува како би бил реализиран целиот проект.