Кина цензурира многу работи на интернет, а сега и песимизмот. Новите упатства неодамна објавени од кинеската управа за сајбер-простор се насочени кон „лажната содржина“ која промовира „лажни вредности“.
Уште во март минатата година владината агенција објави дека ќе се фокусира на отстранување на онлајн содржините што не се усогласени со владините вредности. Сите овие напори за цензура се дел од поширока кампања која се спроведува во последните три години и има цел да ги спречи негативните аспекти на социјалните медиуми. Најновата верзија вклучува ограничувања поврзани со песимизмот.
Само во 2021 и 2022 година во Кина беа затворени 10.500 веб-страници, избришани 1,35 милијарди профили, а беа избришани и 76 милиони пораки поради кршење на законите за интернет. Младите луѓе, главно генерацијата З, своето незадоволство за економијата во земјата го изразуваат на интернет.
Забавената економија особено ги погоди младите Кинези, а податоците покажуваат дека невработеноста кај младите во Кина е на рекордно ниво и пролетта достигна 20 отсто. Бројките беа толку лоши што владата одлучи едноставно да престане да ги споделува овие податоци, а во август јуанот падна на најниско ниво во последните 16 години во однос на доларот.
Сега, сите оние што изразуваат незадоволство од економијата или работата и создаваат такви содржини на социјалните мрежи, всушност, ја прекршуваат владината политика. Според новите правила, владата може да отстранува видеа како неприфатливи објави за бракот, личните финансии и историјата, како и содржина која промовира „погрешни вредности во кариерата“ и „екстраваганција и обожавање на парите“.
Извор:
Lola magazin
Насловна фотографија: Pixabay