Проблемот со намалувањето на стапката на наталитетот мора да се решава на институционално ниво, а мајките не треба да се доведуваат во позиција да избираат меѓу работата и грижата за своите деца, изјави денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
- На институционално ниво има итна потреба од ефикасни политики, храбри, конкретни и долгорочни мерки - рече папата Франциск на конференцијата за стапката на наталитет што се одржува во Рим.
Тој посочи дека посветеноста на светските влади е неопходна за да им се помогне на младите да ги остварат своите цели, пренесува италијанската новинска агенција Анса.
Извор: МИА