X
 25.09.2020 Живот

Сега е и официјално: Том Круз ќе лета во вселената за снимање на новото продолжение на „Невозможна мисија“

Холивудската ѕвезда Том Круз сигурно ќе лета на Меѓународната вселенска станица. Летот е потврден, а Круз треба да направи мал скок како актер, но голем за филмската индустрија.

Летот е закажан за октомври 2021 година, а на Круз ќе му се придружи и режисерот на новото продолжение на филмот, Даг Лиман.

Невозможната мисија ја направи возможна, кој друг ако не ексцентричниот американски милијардер и сопственик на „Спејс екс“, Илон Маск. Круз и Лиман до Меѓународната вселенска станица ќе летаат со „Кру Драгон“ на Илон Маск, а со леталото ќе управува Мајкл Лопез-Алегрија.

Други детали за летот засега не се откриени.

НАСА го одобри снимањето на новото продолжение на Меѓународната вселенска станица за да ѝ го привлече вниманието на јавноста кон американската вселенска програма.

Круз е познат по тоа што нема свој каскадер за снимањето на опасните сцени, меѓутоа, одењето во вселената за филм ќе биде еден од неговите најголеми подвизи.



Извор: Gamespot.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот