X
 30.08.2015 Технологија

Како да ја следите состојбата на срцето со мобилниот уред?


„Самсунг“ крена врева кога го претстави вградениот сензор за мерење на состојбата на срцето на својот „Галакси С5“ во 2014 година, но останатите производители не го следеа трендот. Меѓутоа, излегува дека воопшто не е потребно да го имате овој телефон за да го следите отчукувањето на сопственото срце.

Впрочем, поголемиот дел од уредите на „Андроид“ ги имаат сите потребни сензори за да го следат срцето. Сè што е потребно е соодветен софтвер за анализа на податоците кои се добиваат со сензорите. А, постојат неколку апликации кои можат да го овозможат ова.

Instant heart rate“, „Runtastic heart rate“ и „Cardiograph“ се некои кои може да ги пробате. Повеќе за овие апликации во следното видео.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија