X
 01.09.2015 Наука

Како изгледа поминувањето низ звучниот ѕид?

Порано, не беше возможно да се види рушењето на звучниот ѕид кога авион поминува низ него. Тоа е состојба во која леталото лета побрзо од брзината на звукот. НАСА неодамна откри начин со кој ова е видливо.

Истражувачите во воздушната база „Едвардс“ и „Мофет“ во Калифорнија поминале пет години работејќи на фотографска техника нарешена шлиренска слика, метод со кој се визуелизираат течностите и воздушните струи измислен во 1864 година. Со оваа техника е возможно визуелизирање на шок брановите кои се создаваат кај суперсоничните авиони.


На фотографијата може да се види суперсоничен авион кој го руши звучниот ѕид, а била создадена со софтвер за процесирање на слики и е комбинација од повеќе поединечни слики направени со камера сместена во друг авион под овој.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука