X
 26.07.2021 Технологија

Во Русија изведен првиот лет на авион со електричен мотор

Рускиот авион „јак-40ЛЛ“ со електричен мотор го извел првиот лет на саемот МАКС 2021 во Русија, пренесува „Спутник њуз Србија“.

Хибридниот погонски систем се базира на мотор со гасна турбина и суперспроводлив електричен мотор, надополнет со два стандардни турбомотори. Тој има акумулаторски батерии и електричен мотор со моќност од 680 коњски сили, како и погонска единица за негово напојување.


Електричниот мотор е поекономичен за 5 до 20 отсто од другите авиони бидејќи користи технологија за суперспроводливост на високи температури и криогенско ладење.

Тестирањето на хибридниот мотор почнало во февруари во Новосибирск.

Извор: Sputnik News Srbija
Фото: Screenshot/Telegram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија