X
 23.01.2021 Живот

Овие меки вештини се важни за иднината на работата

Сите знаеме дека светот брзо се менува и дека работата се менува со него. Како резултат, се промени и начинот на кој ги надгледуваме и вработуваме работниците и хонорарците.

Меките вештини како што се емпатија, емоционална интелигенција, љубезност, внимателност, прилагодливост, интегритет, оптимизам, самомотивација, храброст и отпорност, станаа клучни фактори за успех.

Зошто меките вештини станаа поважни?


Како што сѐ повеќе и повеќе работни места и се автоматизираа, меките вештини кои машините не можат да ги реплицираат, стануваат сѐ поважни. Во 2017 година, „Делтоит“ објави дека професиите со меки вештини ќе сочинуваат две третини од сите работни места до 2030 година и дека ангажирањето на вработени со повеќе меки вештини може да ги зголеми приходите.

Емпатија и емоционална интелигенција

Важноста на емпатијата и социјално-емоционалните вештини e oгромна. Емоционално интелигентните тимови имаат конкурентска предност и емпатијата е една од најважните вештини за вработување. Грижата за тоа како се чувствуваат вашите соиграчи и клиенти, и умешноста да ги спознаете нивните неискажани чувства е вистинска вештина што ја зголемува и продуктивноста, но и приходите. Емпатијата и емоционалната интелигенција бараат самосвест и овозможуваат подобро слушање, што доведува до подобрување на комуникацијата.

Интегритет и етичка одговорност

Милијардерот Ворен Бафет е познат по тоа што секогаш вели дека интегритетот е најважната одлика што треба да ја барате кај кандидатот што го интерјвуирате за работа. Оваа карактерна одлика е клучна за долгорочен успех. Открив дека моите најуспешни вработени се оние кои се етички, преземаат одговорност за своите успеси и грешки, скромни се, го почитуваат туѓото време, им даваат заслуги на другите и целосно преземаат одговорност за својата работа - особено загубите. Кога некој ќе ми каже дека направил грешка и кој е неговиот чекор за поправање на грешката, знам дека можам да му верувам. Во денешниот брз свет, интегритетот е уште поважен и покритичен. Лесно е да се користат кратки патчиња и да се покажат краткорочни придобивки, но потешко да е ги направите работите правилно за да поставите темели за долгорочен успех.

Во деновите кога правев интервјуа лице в лице, секогаш го прашував рецепционерот како кандидатот се однесувал со него. Сега, со далечинското работење, секогаш ги прашувам административните асистенти како кандидатите се однесувале со нив преку пошта. Начинот на кој луѓето се однесуваат кон другите го изразува нивниот вистински карактер.

vestini
Фото: Freepik

Прилагодливост и отпорност


Со оглед на тоа што технолошкиот напредок доаѓа доста брзо, прилагодливите и отпорните работници се клучни. Потребни ви се луѓе со отворен ум кои можат да менуваат брзини и да преземат различни одговорности, да го прилагодат своето однесување кон потребите на колегите, да управуваат со неизвесноста и да го најдат позитивното кога работите ќе тргнат наопаку. Агилноста и флексибилноста кои одат заедно со прилагодоливоста, им овозможуваат на работниците да донесат и да спроведат свежи идеи.

Едно прашање што обично им го поставувам на потенцијалните вработени е: „Која е најстресната ситуација со која сте се справиле и каков беше резултатот?“. За да изградите прилагодливост и отпорност, предизвикајте се себеси да ви биде удобно во непознати средини и ситуации.

Самомотивација и самонасоченост

Самомотивираните работници, луѓето кои имаат внатрешна мотивација, имаат потреба од помалку надзор и менаџмент. Самомотивацијата и самонасочувањето им овозможуваат на луѓето да преземат иницијатива и да преземат одговорност за нивната работа, да постават остварливи цели и да преземат соодветни чекори, како и да ги прилагодат своите планови колку што е потребно. Во иднина, каде работите постојано се менуваат, овие вештини се најважни за успехот.

Совесност

Совесноста е мека вештина што се базира на други вештини. Оние што се совесни, имаат тенденција да бидат емоционално поинтелигентни, прилагодливи и искрени. Совесните луѓе остануваат пофокусирани во тешки ситуации. Совесноста ги засилува сите други меки вештини бидејќи ја негува свеста.

Проценката на меките вештини треба да биде суштински дел од вашиот процес на вработување на потенцијалните вработени. Меките вештини ги зајакнуваат другите вештини и способности, а тимовите со овие вештини ќе бидат опремени да се адаптираат побрзо и полесно бидејќи иднината на работата продолжува да се развива.

Автор: Јоланда Лау
Извор: Forbes.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот