X
 06.05.2022 Живот

Шарената уметност на патиштата ги спречува сообраќајните несреќи за 50 отсто

Муралите се убави за гледање, но дали можат да ги направат нашите градови и населби побезбедни? Новиот извештај на „Блумберг филантропис“ и „Сем Шварц консалтинг“ го проучуваше безбедносното влијание на муралите на улиците и пешачките премини. Извештајот покажа дека шарените додатоци на тротоарите всушност ги намалиле сообраќајните несреќи во кои учествувале пешаци или велосипедисти за 50 отсто.

Тимот проучуваше 17 асфалтни мурали низ целата земја. Потоа биле анализирани стапките на несреќи од поставувањето на муралите. Бројот на несреќите во кои учествувале пешаци или велосипедисти е преполовен, а сообраќајните незгоди се намалени за 37 отсто. Анализата на видеоснимките на пет локации потврди зошто уметничките дела може да имаат безбедносен ефект. Возачите им давале предност на пешаците на пешачки премин со 27 отсто поголема стапка, а опасните интеракции на пешаците со автомобилите се намалија за 25 отсто.


Иницијативата за уметност на асфалт на „Блумберг“ е посветена на промовирање на безбедносните придобивки од декоративниот асфалт. Тие го нарекуваат „активирање на улиците“. Проектот се фокусира на патишта, пешачки премини и вертикална инфраструктура. Досега имаат финансирано 42 јавни уметнички дела во САД и во Европа.

Иако Федералната асоцијација за автопатишта сè уште не користи вакви уметнички дела како официјална сигнализација, наодите на „Блумберг“ посочуваат дека светлите бои и дезени ги прават возачите повнимателни и ги потсетуваат на нивните одговорности на патот. Плус, уметничкото дело е одличен начин заедниците да се здружат и да го разубават просторот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Instagram 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот