Во периодот од 01.09.2015 до 30.09.2015 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ги сака спомениците (англиски: Wiki Loves Monuments, WLM) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за објектите прогласени за културно наследство во Република Македонија.
По завршувањето на натпреварот ќе бидат наградени петте најдобри фотографии. Одлуката за тоа кои од учесниците ќе бидат наградени, ќе биде донесена од страна на независно стручно жири. Фотографиите што учествуваат во изборот за најдобра фотографија треба да исполнуваат одредени квалитативни барања како: резолуција, квалитет на бои, острина, перспектива, баланс и др. Петте најдобри фотографии ќе бидат наградени со следниве парични награди:
Прва награда – денарска противвредност од бруто 500 евра
Втора награда – денарска противвредност од бруто 400 евра
Трета награда – денарска противвредност од бруто 200 евра
Четврта награда – денарска противвредност од бруто 100 евра
Петта награда – денарска противвредност од бруто 100 евра
Деталните информации за натпреварот се објавени на следните линкови:
http://wikilovesmonuments.mk
https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Вики_ги_сака_спомениците_2015/Македонија
https://www.facebook.com/wikilovesculturalheritage?ref=hl