X
 24.07.2019 Живот

Исланд подигна споменик за глечер што се стопил поради климатските промени

Во 1901 година, геолошка мапа на Централните висорамнини на Исланд го опишаа глечерот Окјокул како голем дел од мраз што се протега на 38 квадратни километри. До 1945 година, глечерот се намали на само 5 квадратни километри. До 2005 година, глечерот исчезна.

Во 2014 година, Окјокул го изгуби статусот на глечер; сега е само штитест вулкан без глацијална прекривка.

За жал, ова е директен резултат на климатските промени, а доколку работите не се променат, ова нема да биде последниот глечер со ваква судбина.

Тим на истражувачи и креатори на документарни филмови сега ја истакнуваат оваа загуба, како и загубите што допрва ќе дојдат, создавајќи споменик за изгубениот глечер што денес се нарекува само Ок, со оглед на тоа што го изгуби „jökull“ што значи глечер на исландски.

island
Фото: Rice University

- Ок е првиот исландски глечер што го губи својот статус како глечер. Во наредните 200 години сите наши глечери се очекува да имаат иста судбина. Овој споменик е да се признае дека знаеме што се случува и што треба да биде направено - вели Андри Снаер Магсон, автор на споменикот.

Заедно со овој пасус, споменикот го вклучува бројот 415ппм СО2: рекордното ниво на јаглерод диоксид во нашата атмосфера достигнати во мај оваа година, што се случило за првпат во човечката историја.

- Ова ќе биде првиот споменик на глечер изгубен од климатските промени насекаде низ светот - вели антропологот Кимен Хоуи од Универзитетот Рајс.

- Се надеваме дека со ова ќе го привлечеме вниманието кон она што се губи кога исчезнуваат глечерите. Овие ледени тела се најголемите резервоари за слатководни ресурси на планетата, а со нив се замрзнати историите на атмосферата што имаат големо значење - додава Хоуи.

Многу глечери во Исланд и на други места на планетата, губат огромно количество мраз поради климатското затоплување.

- Еден исландски колега рече: Спомениците не се за мртвите туку за живите. Со овој споменик сакаме да истакнеме дека зависи од нас живите, колективно да одговориме на брзото губење на глечерите и тековните влијанија од климатските промени. За глечерот Ок е веќе доцна, па научниците сега го нарекуваат „мртвиот мраз“ - вели Хоуи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот