Кога вселенското летало „Нов хоризонт“ помина покрај Плутон ова лето, тоа постојано ја фотографираше планетата.
Гифот подолу е глетката којашто ова летало ја имаше додека ја зумираше џуџестата планета.
НАСА сега дава можност да ја погледнеме нејзината верзија за тоа како би било доколку некој би можел да се вози на леталото. „Нов хоризонт“ помина 12.500 километри покрај Плутон со приближно 14.5 километри во секунда, мулти-годишно патување кое кулминираше во податоци од само неколку дена.
Она што ова вселенско летало го документираше е вистинска убавина.
Вселенското летало е здраво и продолжува да го истражува Кајперовиот појас. Други слики во јавноста ќе бидат пуштени во септември, со нови податоци во текот на 2016 година и со надеж уште поголеми откритија.