X
 04.08.2016 Наука

Неверојатно откритие на млада девојка од Хрватска

25 годишната Наталија Мрњавац е молекуларен биолог од Риека, која заедно со уште седум научници откри дека животот потекнува од мрачните морски дупки.

 

откритие


Сите луѓе имаат заеднички предок кој живеел пред 4 милијарди години. Научниот тим од Дизелдорф откри како и каде живеел овој организам. Дел од тимот составен од седум научници е и младата Наталија Мрњавац од Риека.

На англиски овој организам се нарекува LUCA (Last Universal Common Ancestor) односно, последниот универзален заеднички предок.

„Сите наши наоди укажуваат на тоа дека LUCA живеел во средина најслична со длабоките геотермални извори. Овој организам живеел во длабоките морски хидротермални извори. Станува збор за значајно откритие бидејќи постојат две научни хипотези за овој предок: првата хипотеза вели дека настанал во малите, плитки езера на континентот, во која бил уверен и Чарлс Дарвин, а втората хипотеза вели дека настанал во вулканските отвори на дното на океанот. Нашето истражување се насочува кон втората хипотеза“, објаснува Наталија.

 

2


Од ноември минатата година таа работи во Институтот за молекуларна биологија во Дизелдорф, каде како дел од тимот работеше и на дешифрирање на гентскиот состав на LUCA. Имено, живиот свет е поделен во три области: бактерии, археи и еукариоти.

Еукариотите, на кои припаѓа и човекот настанале подоцна. Бактериите и археите делат заеднички поредок и соодветно на тоа LUCA e заеднички поредок на сите живи организми.

На интернет постои база на податоци со секвенци, односно ДНК секвенци на различни организми. ДНК се менувала со текот на времето, но споредувајќи ги секвенците ги гледаме сличностите и разликите кои ги имаа предците. Со споредување на овие податоци дојдовме до заедничкиот предок. Користевме две илјади секвенцирани геноми на бактерии и археи, прегледавме повеќе од шест милиони гени и за сите нив направивме силогенски стебла кои покажуваат својствени односи на овие гени. Имаме моќни компјутери па можевме да го изведиме сето ова. На крајот дојдовме до 355 гени, односно протеини за кои е веројатно да имаат заеднички поредок, а врз основа на тоа можеме да знаеме во какви услови и на кој начин живеел предокот“, објаснува Натталија.

 

4


Нивниот труд бил објавен во сите релевантни научни магазини, а тимот доживеа и светска слава, меѓутоа работата се'уште не е завршена.

„Иако би сакала да се вратам во Хрватска, тоа засега не е опција. Овде се'уште сум докторант по биолошки студии. Сега ќе започнам да се занимавам со последниот предок на еукариотите, односно со прашањето како се снабдувал со кофактори и аминокиселини“, вели младата Наталија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука