X
 11.09.2015 Технологија

Илон Маск предложи бомбардирање на Марс за овозможување живот

Илон Маск е познат по своите нетрадиционални идеи за човештвото, иднината и вселената. Конечно, без него веројатно не би возеле „Тесла“, а дефинитивно не би ја имале „SpaceX“, компанијата која сака да нè однесе во вселената побргу.


Не навлегуваме во сите идеи кои ги има или имал Маск, но една од нив тој ја претстави пред целата американска и глобална јавност, а вреди да се погледне. Се работи за нуклеарно затоплување на Марс.

За време на своето гостување во „The late show with Stephen Colbert“ во средата, Маск објасни два начини за затоплување на студениот Марс и овозможувањето живот на планетата - брз и спор начин. Спориот начин не беше објаснет, но брзиот е оној интересниот во секој случај.

Имено, Маск предложува фрлање термонуклеарно оружје на половите на планетата користејќи ги ракетите од неговата компанија. Ова звучи како дефинитивно уништување на секоја шанса за живот на Марс, но Маск не се согласува и смета дека планетата би била соодветна за живот за 2-3 години по бомбардирањето.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија