X
 14.10.2016 Технологија

Реалност е ова што го живееме или симулација?



Матрикс


Илон Маск понекогаш вели дека сосема е возможно животот на Земјата да не е реален, и дека  живееме во некаква форма на компјтерска симулација...


Тој е само еден од многумината во Силициумската долина кои покажуваат интерес за „хипотезата на симулација“ што тврди дека реалноста каква што ја знаеме, всушност, е голема компјутерска симулација направена од страна на софистицирана интелигенција.

Според Њујоркер, двајца ИТ милијардери веќе ангажирале научници во тајност кои бараат начин како да „излеземе од Матриксот“.

Ник Бостром, професор по филозофија на Оксфорд, уште во 2003 година изнел теорија дека е возможно членови на некаква напредна „постчовечка“ цивилизација да изведуваат симулација на своите претци, јавува Гардијан.

Рик Терил, научник од НАСА, смета дека доколку сe продолжи со ваков развој на технологијата  во иднина, ќе се претвориме во општество на вештачки ентитети кои живеат во симулација.

Една од причините што одат во прилог на теоријата дека вселената всушност е симулација е и фактот дека  вселената, од математички аспект, е составена од делови (субатомски честички) исто како пикселизирана видеоигра.

„Дури и работите кои ги сметавме дека се континуирани како времето, енергијата и просторот, имаат конечен лимит кога станува збор за нивната величина. Во тој случај, нашата вселена е конечна или ограничена, што овозможува нејзина симулација“, вели Терил.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија