Во текот на 20 век животен век на луѓето забележа импресивен раст благодарение на медицинскиот и технолошкиот напредок. Во 1900 година просечниот животен век беше нешто повеќе од 30 години, а во 2021 година животот на една личност во просек беше 71 година. Истражувањата покажаа дека за секоја деценија на просечниот животен век на луѓето во развиените земји се додаваат три години.
Контроверзно истражување за тоа колку долго ќе трае животот на една личност
Голем број научници предвидуваа дека продолжувањето на животниот век ќе трае бесконечно, но се чини дека и покрај напредокот во медицината, зголемувањето на просечниот животен век ќе се забави и ќе достигне просек од околу 85 години. Како што велат научниците, ниту веруваат ниту очекуваат дека човечкиот животен век ќе продолжи да се зголемува бидејќи стигнавме до максимумот што се однесува до должината на животот.
Во 1990 година геронтологот Џеј Олхански од Универзитетот во Илиноис, Чикаго, објави контроверзно истражување во кое ја оспорува идејата дека животниот век на човекот ќе биде продолжен на неодредено време. Олхански предвидел дека очекуваниот животен век ќе забави, а медицинските интервенции ќе имаат помал ефект врз очекуваниот животен век. Денес, 34 години подоцна, Олхански и неговите колеги спроведоа ново истражување објавено во списанието „Нејчр ејџинг“ и се чини дека истражувањето потврдува дека тој бил во право пред повеќе од 30 години. Иако долговечноста на луѓето во развиените земји продолжува да се зголемува, стапката на пораст се забавува, што покажува дека човечкиот вид се приближува до биолошката граница.
Ако животниот век на човекот радикално се продолжи, 6 отсто од луѓето во Јапонија би доживеале 150 години
Очекуваното траење на животот почнало нагло да се зголемува во 19 и во првата половина на 20 век. Некои научници тогаш предвидувале дека трендот ќе продолжи. Сепак, анализата на новото истражување покажа дека во текот на набљудуваните децении стапката на пораст забавила во Австралија, Франција, Италија, Јапонија, Шпанија, Швајцарија и САД.
Јужна Кореја и Хонгконг се единствените што држат чекор со предвиденото радикално продолжување на животот, но научниците претпоставуваат дека тоа е така затоа што нивното продолжување на животниот век е концентрирано во последните години. Истражувањата забележаа дека во 1990 година очекуваниот животен век растел за околу 2,5 години по деценија, а до 2010 година се намалил на 1,5 година, додека во САД ситуацијата била на „нула“.
Ако животниот век радикално се продолжи, 6 отсто од луѓето во Јапонија би ја доживеале 150-тата година, а секој петти би доживеал 120 години. Се разбира, тоа не се случи.
Женските деца родени во 2019 година во тие земји имаа 5,1 отсто шанси да живеат до 100 години, а кај мажите таа шанса е значително помала и изнесува 1,8 отсто.
Биолошкото стареење е доминантен ризик-фактор
Некои научници не се согласуваат со наодите на истражувањето и мислат дека напредокот во превенцијата може да ги одложи болестите поврзани со стареењето.
- Постојат граници колку далеку можеме да ги поместуваме границите на човечкиот животен век. Ако живеете доволно долго, се соочувате со биолошкиот процес на стареење - вели геронтологот Џеј Олхански и додава дека сепак сè е последица на успехот, бидејќи луѓето сега живеат доволно долго за да го искусат биолошкиот процес на стареење, кој е доминантен ризик-фактор.
Можеби никогаш нема да ја откриеме фонтаната на младоста, но се надеваме дека има уште многу работи што можеме да ги направиме за нашето време на земјата да биде што е можно подолго и поздраво, велат истражувачите.
Извор:
Eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik