X
 16.09.2015 Економија

Кои професии земаат најголеми а кои најмали нето плати во Македонија?



Според податоците од Државниот завод за статистика ова се професиите со највисоки и најниски просечни нето плати

Највисоките просечни нето-плати во Македонија се: 

1. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 42.461 денари.
2. Воздухопловен транспорт - 41.359 денари.
3. Телекомуникации - 41.035 денари.
4. Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати - 40.853 денари.
5. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови - 40.507 денари.
6. Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 38.964 денари.
7. Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот - 38.323 денари.
8. Складирање и помошни дејности во превозот - 37.621 денари.
9. Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето - 36.518 денари.
10. Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување - 36.000 денари.

Најниските просечни нето-плати во Македонија се: 

1. Производство на кожа и слични производи од кожа - 10.314 денари.
2. Рибарство и аквакултура - 10.937 денари.
3. Производство на облека - 11.651 денари.
4. Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад - 11.992 денари.
5. Заштитни и истражни дејности - 12.678 денари.
6. Производство на мебел - 12.733 денари.
7. Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал - 13.069 денари.
8. Производство на текстил - 13.302 денари.
9. Дејности за подготовка на оброци и служење на храна - 13.497 денари.
10. Производство на производи од гума и производи од пластични маси - 14.492 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија