Што прво ви паѓа на ум кога замислувате психопат? Луд убиец со секира? Психопатите не секогаш спаѓаат во таа категорија. Клиничката дијагноза на психопат е лице кое има плитки емоции или недостиг на емпатија.
Ново истражување покажува дека 4,5 отсто од населението се психопати. Тоа е 1 во 22 луѓе, а ова се професиите каде што можете да најдете најмногу психопати:
1. Извршен директор
Сигурно постојат директори што се одлични луѓе, но неколку истражувања покажуваат дека 4 отсто од директорите имаат карактеристики на
психопати.
2. Адвокат
Постојат многу вицови за бездушноста на адвокатите, па би можело да има некоја вистина во нив. Многу адвокати покажуваат знаци на психопатија, а тоа се лажењето, измамата и опседнатоста со профит.
3. ТВ- и радиоводител
Не секој во медиумскиот сектор е високо на скалата на психопатија, но кога замислувате некои од најистакнатите психопати во светот денес, се чини дека има смисла.
4. Продавач
Во книгата „Работа со ѕверови: Како да препознаете и да се заштитите од психопати“, Џон Кларк вели дека голема е веројатноста психопатот да биде добар продавач кој е исто толку интелигентен колку што е учтив.
5. Хирург
Иако лекарите и медицинските сестри се на листата со професии со најмалку психопати, сепак и меѓу хирурзите има доста психопати.
Фото: Pixabay
6. Новинар
Џеф Кеш, хонорарен писател, еднаш рече дека мала доза психопатија е всушност предиспозиција за јавно новинарство.
7. Полицаец
Доста вознемирувачки, меѓу луѓето што се задолжени за одржување на редот има и такви што се обидуваат да го нарушат.
8. Свештенство
Свештенството треба да ја промовира верата и да го направи светот подобро место, но како што се гледа по скандалите на Католичката црква со децата, психопатијата е на дело.
9. Готвач
Готвачот Гордон Ремзи за „Венити Фер“ еднаш изјави: - Готвачите се луди. Сите се опседнати со себе. Деликатни, нежни, несигурни мали души и целосни психопати.
10. Политичар
Истражувањата покажуваат дека професијата политичар им е особено „удобна“ на психопатите особено затоа што им годи животот на јавна сцена и тие се способни да се справат со ситуации под висок притисок.
Десетте работни места со најниска стапка на психопати се: социјален работник, медицинска сестра, терапевт, занаетчија, стилист, хуманитарен работник, наставник, уметник, лекар и сметководител.
Извор:
Jackseattle.iheart.com |
Frontiersin.org
Фото: Freepik