Властите во Швајцарија планираат да воведат многу построги казни за фрлање ѓубре, особено кога станува збор за загадувањето на земјиштата за земјоделство.
Некои швајцарски пратеници предлагаат казните за фрлање ѓубре да бидат 100 пати повисоки од сегашните.
Роџер Зурбриген, пратеник од Луцерн, изјави дека фрлањето ѓубре претставува намерна закана за благосостојбата на луѓето и животните. Тој нагласи дека се потребни построги казни за заштита на луѓето, животните и животната средина.
- Ѓубрето што го јадат животните може да доведе до повреди, па дури и смрт - рече Зурбриген, додавајќи дека голема закана се алуминиумски лименки и други исфрлени предмети.
Моменталната казна за фрлање
ѓубре во Швајцарија е 36 евра. Сепак, некои пратеници предлагаат казните да се зголемат до 3.600 евра.