X
 06.03.2022 Забава

Интересни факти за Швајцарија: Швајцарците јадат повеќе чоколади од кој било друг народ

Швајцарија е сојузна парламентарна република во Централна Европа.

Швајцарија се состои од 26 кантони, а во главниот град Берн живеат 133.920 жители и е седиште на сојузната влада. Швајцарија има околу 8 милиони жители.

Во Швајцарија официјални јазици се германскиот, францускиот, италијанскиот и романскиот.

Името Швајцарија потекнува од кантонот Швиц, еден од трите основачки кантони на конфедерацијата во 1291 година. Во продолжение ви нудиме неколку интересни факти за Швајцарија.

1. Швајцарија произведува најмногу чоколади во светот и е еден од водечките светски извозници на чоколадо.

2. Швајцарците јадат повеќе чоколада од кој било друг народ.

3. Швајцарија е единствената земја што има знаме во форма на квадрат.

4. Швајцарија има повеќе од 1.500 езера, од кои Женевското Езеро е најголемо.

1
Фото: Freepik

5. Фудбалот и хокејот на мраз се најпопуларни спортови во Швајцарија.

6. Швајцарските производители на чоколадо Хенри Нестле и Даниел Питер го измислиле млечното чоколадо.

7. Професијата наставник во Швајцарија е една од најплатените професии.

8. Во Швајцарија има повеќе банки отколку стоматолози!

9. Жан-Анри Динан, швајцарски бизнисмен и основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, ја добил првата Нобелова награда за мир во 1901 година.

10. Во Швајцарија 600.000 луѓе користат сто тони хашиш и марихуана секоја година.

11. Повеќето од луксузните часовници во светот се произведуваат во Швајцарија, како што се „тисот“, „ТАГ хеуер“, „ролекс“ и „патек филипе“.

12. Сноубордингот, скијањето и планинарењето се популарни спортови во Швајцарија.

13. Асистираното самоубиство е легално во Швајцарија.

14. Нес-кафе, првото инстант кафе во светот е измислено во Швајцарија.

15. Швајцарецот Тим ​​Бернерс-Ли го измислил „World Wide Web“ во Швајцарија во 1989 година.

16. Швајцарскиот тунел Соненберг е најголемото нуклеарно засолниште во светот и може да прими 20.000 луѓе!

17. Патек Филипе од Швајцарија го измислил рачниот часовник во 1868 година.

2
Фото: Freepik

18. 1 август е Денот на независноста на швајцарската држава.

19. 60 отсто од електричната енергија во земјата доаѓаат од хидроелектрични извори.

20. ЦЕРН, водечката светска лабораторија за физика, се наоѓа во границите на Швајцарија.

21. Швајцарија има една од најниските стапки на криминал во светот и има најниска стапка на убиства од 0,5 убиства на 100.000.

22. Во случај на нуклеарна војна, Швајцарија има доволно бункери за да го смести целото население.

23. Ривелата е најпознатиот и омилен пијалак во Швајцарија, додека рости е едно од популарните јадења.

24. Основниот тунел Готард - најдолгиот железнички тунел во светот - е отворен во 2016 година и минува низ Алпите. Долг е 57 километри. Може ефективно да го намали времето на патување помеѓу Цирих и Милано за најмалку 30 минути. 16,9 километри долгиот тунел Готард во Швајцарија е вториот најдолг патен тунел во светот по тунелот Лердал во Норвешка, долг 24,51 километри.

25. Најмалата кутија за алати во светот, швајцарскиот армиски нож, ја измислил Карл Елсенер.

26. Алберт Ајнштајн ја измислил познатата равенка E=mc2 додека бил во Швајцарија.

27. Повеќето индиски филмови се направени во Швајцарија.

28. Чарли Чаплин ги поминал последните 25 години од својот живот во Швајцарија.

4
Фото: Freepik

29. Првиот водоотпорен часовник бил измислен од „Ролекс“.

30. Швајцарија е единствената земја што има изградено авион на соларна енергија  - „Солар Импулс 2“, кој може да помине 40.000 километри без ниту една капка гориво.

31. За да аплицирате за швајцарско државјанство, мора да живеете во Швајцарија најмалку 12 години.

32. Швајцарија случајно го нападна својот сосед Лихтенштајн во 2007 година.

33. Швајцарија не била во војна од 1815 година и се приклучи на Обединетите нации дури во 2002 година.

34. Вкупно 48 швајцарски планини се наоѓаат над 4.000 метри надморска височина. Монте Роза е највисоката планина со 4.634 метри, иако Матерхорн (4.478 метри) е многу попозната.

svajcarija
Фото: Freepik

35. Железничката мрежа во Швајцарија е долга повеќе од 5.000 километри, што е една од најгустите железнички мрежи во светот.

36. Кантон со најголемо население е кантонот Цирих со 1.300.545 жители. Исто така, студијата за трошоците за живот во светот и студијата за трошоците за живот на Мерсер утврдиле дека Цирих е трет најскап град во светот!

37. Првиот универзитет во Швајцарија бил основан во 1460 година во Базел (со Медицинскиот факултет) и има долга традиција на хемиски и медицински истражувања во Швајцарија, додека најголемиот универзитет во Швајцарија е Универзитетот во Цирих, со речиси 25.000 студенти.

Извор: Zanimljivostidana.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава