Жителите на големите градови можеби велат дека живеат во „урбана џунгла“, но студентите во Хо Чи Мин наскоро навистина ќе живеат на едно такво место.
Универзитетот ФПТ во соработка со архитектонската фирма „Во Тронг Ниа Архитектс“ ќе дизајнираат кампус кадешто предавалните и административните градби ќе бидат прекриени со оаза од дрвја.
Имено, на секоја зграда во
кампусот ќе има скалести катови на кои ќе бидат засадени дрвја кои ќе го подобруваат квалитетот на воздухот, ќе обезбедуваат сенка за минувачите, ќе бидат заштита за самите згради и ќе ја намалат потребата за клима уреди во зградите.
Кампусот ќе биде изграден во најголемиот град во Виетнам и ќе зафаќа површина од 22.500 квадратни метри.