X
 31.03.2022 Образование

Новиот универзитетски кампус во Сараево ќе има патеки за трчање и амфитеатар на отворено

Се гради нов кампус на Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина, а според плановите, тој ќе биде модерна урбана оаза во центарот на градот. Планирана е изградба на мултифункционален амфитеатар на отворено, патека за трчање, вежбалница, пешачки патеки со уредени површини, како и хортикултурно уредени зелени површини.


Фото: Влада на кантон Сараево

- Запуштениот простор во кој до пред неколку години имаше урнатини ќе го трансформираме и ќе го вратиме во живот. Дел од кампусот на УНСА го претвораме во парк за студенти, но и за сите граѓани - изјавил премиерот на кантонот Сараево, Един Форто.


Фото: Влада на кантон Сараево

Завршено е расчистувањето на урнатите згради во рамките на кампусот, а во следната фаза ќе се градат зелените и спортско-рекреативни површини, пренесува „Екапија“.


Фото: Влада на кантон Сараево

Проектот го финансира Владата на кантонот Сараево заедно со Општина Ново Сараево, Универзитетот и УНДП.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Влада на кантон Сараево
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование