X
 18.08.2023 Живот

Поради неподносливите температури, луѓето во овој град живеат под земја

Во овој град температурите достигнуваат и до 55 степени, што го прави животот над земја неподнослив.

Во Австралија, речиси 1.000 километри северно од Аделаида, се наоѓаат песочни пирамиди. Тие се опкружени со типичен пејзаж за таа клима - пустина каде што можете да видите само неколку грмушки отпорни на тешки и екстремни услови.

Покрај тоа, може да се забележат цела низа отвори во карпите и височините. Би било тешко некој да претпостави, но луѓето денес живеат во тие отвори.

Станува збор за жителите на Кубер Педи, рударски град во кој значаен дел од животот се одвива под земја.

Денес во овој град 60 отсто од вкупно 2.500 жители живеат под земја, во куќи изградени во камења и дупки, каде што најчесто единствен знак за нивното постоење се цевките за вентилација.

2
Фото: Instagram

Назима овој начин на живот во Австралија може да изгледа ексцентричен. Но налето, кога температурите во Кубер Педи достигнуваат и до 55 степени, животот над земјата е прилично неподнослив. Затоа животот под земја е сосема логична одлука за многу жители.

Во Кубер Педи многу работи се наоѓаат под земја - не само домови, туку и продавници, мотели и ресторани. Подземните објекти мора да бидат длабоки најмалку четири метри затоа што на таа точка животот е пријатен во лето, главно на температура од 23 степени.

2
Фото: Instagram

Освен тоа, кога температурата во зимските ноќи ќе се спушти до два степени, подземните куќи совршено ја зачувуваат топлината.

Интересно е што целиот град се снабдува со „сопствена“ струја произведена од соларни централи, во период од сите 12 месеци, но потрошувачката е значително помала отколку над земја затоа што не е воопшто потребна климатизација.

3
Фото: Instagram

- Во другите градови во Австралија луѓето плаќаат цело богатство за да се разладат во деновите кога температурата достигнува 50 степени. Нам тоа не ни е потребно - вели Џејсон Рајт, жител на Кубер Педи.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот