X
 11.07.2018 Економија

Првиот американски град што на своите невработени граѓани ќе им дава месечен надоместок

На само 120 километри од Силициумската долина се наоѓа градот Стоктон. Иако е сместен во еден од најбогатите региони на САД, Калифорнија, пред шест години Стоктон банкротирал. Сега се подготвува да воведе универзален приход, а со овој подвиг ќе биде пионер во Америка. Тоа значи дека стотици жители на Стоктон ќе добиваат по 500 долари месечно, наредната една и пол година, без никакви обврски.

Револуционерниот систем треба да обезбеди сите да имаат пристап до одредена сума пари што треба да обезбеди достоинствен живот. Овој систем има поддршка од водечките милијардери во светот, како Илон Маск, Ричард Бренсон и Марк Закерберг, бидејќи се надеваат дека со тоа ќе се намали јазот меѓу богатите и сиромашните и со тоа ќе се олесни автоматизирањето на професиите, поради што многу професии ќе престанат да постојат.

град
Фото: Profimedia


- Треба да се воведе универзален приход за сите да можат да ги развијат своите идеи без страв од банкрот - вели Марк Закерберг.

Стоктон има повеќе од 300.000 луѓе, но секој четврти живее во сиромаштија. Директорот на Проектот за економска безбедност, Натали Фостер, изјави дека Стоктон е вистинска слика за Америка. Приходите во просечното домаќинство изнесуваат 49.271 долар, а 70 отсто од населението во градот се малцинство.

- Нашето население уште од почетокот е во минус бидејќи е родено во општество и опкружување кое не нуди многу можности. Мојата мајка отсекогаш велеше дека морам да го напуштам Стоктон, но јас сакам да стане место каде што луѓето навистина ќе сакаат да живеат - вели градоначалникот Мајкл Табс.

Исплатата на универзалниот приход би требало да почне во 2019 година, а подоцна ќе се види како сето тоа ќе влијае врз населението - дали поголемиот дел од луѓето ќе вложуваат во образованието, здравственото осигурување или ќе започнат сопствен бизнис.

Ваквиот експеримент не е единствен во светот. Околу 2.000 невработени Финци примаа месечен надоместок од 560 евра, во Камбоџа бремените и децата примале по 5 долари месечно, а за универзален приход се размислува и во Канада.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија