X
 11.01.2017 Култура

Ѕирнете во советскиот град на духови на работ од светот

Лоциран на 1290 километри од Северниот Пол на островот Спитсберген, градот на духови Пирамиден, од советската ера, е еден од најсеверните населби во светот со постојано население. Местото за првпат било развиено како рударско село во 1936 година, откако СССР се стекнал со право да ги копа локалните полиња со јаглен. Иако Пирамиден бил напуштен во 1998 година, ова село останува исклучително добро сочувано поради студената арктичка клима.

Денес само шест луѓе постојано живеат во поранешната комунистичка населба. Александар Романовски е еден од тие малку жители кој работи како туристички водич. Подобро познат како „Саша од Пирамиден“, Романовски дава интересна тура во замрзнатата советска капсула за сите заинтересирани туристи.

Со краткиот филм од режисерот Дејвид Бизли, можете да ги посетите урнатините на Арктикот од советската ера додека Романовски раскажува за осамениот живот на работ од светот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура