X
 20.09.2015 Образование

Контроверзен начин на запишување на студии во Кина

Еден универзитет во централна Кина предизвика контроверзија во текот на месецов. Имено, универзитетот ги принудил своите студенти да ги одберат своите студии преку систем на лотарија.


На 8 септември, стотици студенти на Универзитетот во Јужна Кина во провинцијата Хунан се собрале да ги одберат своите студии со помош на својата среќа. Студентите од втората година кои студираат цивилно инженерство мора да се фокусираат на една од понудените 7 насоки на својот факултет. 

Ли Чингва, претставник на универзитетот изјавил: „Бевме принудени да ги преземеме овие мерки. Доколку изборот на насока падне само на желбите на студентите, некои насоки ќе бидат преполни, а други нема да имаат доволно студенти. Има и други факултети кои го користат овој метод.“

Ли додаде дека сите студенти не мора да студираат според случајниот избор. Најдобрите 100 студенти може слободно да ги одберат насоките на студирање, а оние кои ќе одбираат насока на студирање по систем на лотарија ќе имаат можност да ја променат насоката и да се заменат со други студенти.

Според критичарите, овој метод е само знак на мрзеливо водење и недостиг на одговорност.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование