Еден англиски универзитет создава работни места за студентите за да им помогне во текот на економската криза.
Универзитетот во Есекс инвестирал околу 100.000 фунти за да финансира најмалку 7.500 работни часа за работни места со половина работно време на своите кампуси. Можностите за работа треба да им помогнат на студентите да развиваат вештини и да продолжат со студиите и покрај кризата.
Работните места се за административни и креативни улоги на универзитетот.
- Сакаме да им нудиме „вистински работни места“ на нашите студенти, дополнителна поддршка и студентите да добијат најмногу што можат за време на нивните студии - изјавила професорката Медлин Икот.
Покрај тоа, универзитетот планира да потроши дополнителни 3 милиони фунти оваа академска година за да ги задржи ниските цени за сместување на кампусот.
Извор:
BBC
Насловна фотографија:
Facebook