Предлогот на Кина за „социјален кредит систем“ не изгледа радикално доколку го прочитате
планот
објавен од владата изминатата година. Меѓутоа, тој е многу радикален доколку ги воочите негативните страни.
Имено, Кина има предлог за пристапување на однесувањето на своите жители преку социјалните активности на истите, создавајќи систем за оценување. Кога ќе биде завршен, моделот би можел да ги зема предвид сите активности на граѓаните, како коментари во приватни разговори и однесување на работа. Резултатот на секој граѓанин би бил користен за проценување на личноста при вработувања, подигнување кредити и други социјални сервиси.
Кина работи на ваков модел во финансиската индустрија со години, но владата смета дека може да го прави истото и со другите аспекти од животот на граѓаните.
Според предложениот модел, секој граѓанин би имал кредити во повеќе аспекти од животот, од штедење на енергија до маркетинг. На овој начин би можеле да се собираат информации за однесувањето на граѓаните како никогаш порано.