X
 21.11.2020 Живот

Нема полова еднаквост во ниту една земја во светот, покажува извештај од ОН

Нема полова еднаквост во ниту една земја во светот. Ова е предупредувањето од Обединетите нации (ОН) во овогодишното издание на извештајот за трендовите и статистиките за жените во светот.

- Жените се далеку од тоа да имаат еднаков глас со мажите - вели Лиу Џенмин од ОН.

Сепак, ставовите во поглед на родовата дискриминација „полека се менуваат“, покажува извештајот.

Поминале 25 години од одржувањето на Светската конференција за жени во Пекинг во 1995, кога 189 држави ветиле дека ќе работат на унапредување на правата на жените. Државите се посветиле на преземање мерки за зголемување на еднаквоста во донесувањето одлуки и давање поголеми улоги на жените во економијата и намалувањето на сиромаштијата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, сега вели дека напредокот за изедначување на моќта и обезбедување еднакви права за жените е тешко остварлив.


Фото: Pixabay

Во извештајот се откриваат следните статистики:

28% - процент на раководни позиции на глобално ниво што ги имаат жените во 2019. Процентот е речиси ист како во 1995 година;

18% - процент на извршни директори што се жени според анкета спроведена од Светската банка;

20 - број на лидери на држави или влади што се жени. Ова е малку подобро од 1995, кога само 12 држави биле водени од жени. Застапеноста на жените во владините тимови се зголемила четирикратно во последните 25 години, но во 2020 г. само во 14 земји била достигната родова еднаквост во владините администрации;

36% - процент на позиции во локалната самоуправа кои ги имаат жени; 47% - во 2020, 47% од жените на работоспособна возраст учествувале на пазарот на трудот, во споредба со 74% од мажите.

Зошто е важна родовата еднаквост?

Како што објаснува Светскиот економски форум во извештај за родовиот јаз, развојот и искористувањето на една половина од достапниот талент во светот би имале огромно влијание врз растот, конкурентноста и подготвеноста за идните предизвици за државите и бизнисите низ светот.


Фото: Pixabay

Според извештајот на Светскиот економски форум, се проценува дека родова еднаквост ќе се постигне за 12 години во образовниот сектор, а 40 од 153 земји вклучени во анализата веќе ја достигнале оваа цел. Меѓутоа, ќе бидат потребни 95 години за да се затвори родовиот јаз во политичката застапеност. Во 2019 г. жени биле на 25,2% од местата во парламентот и 21,2% од министерските позиции.

Според извештајот, родовата еднаквост во учеството во економијата и можностите за успех ќе се постигне за 257 години.

Светскиот економски форум објаснува дека жените имаат поголема застапеност во улогите што се автоматизирани и недоволен број жени влегуваат во професии каде што растењето на платите е најизразено.

Гутереш неодамна изјавил дека кризата со пандемијата се заканува да го прошири родовиот јаз и да го уништи напредокот што бил постигнат.

Автор: Викторија Мастерсон
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот