Пејачот и фронтменот на групата U2, Боно Вокс, стана најбогатиот музичар на светот, благодарение на Фејсбук акциите што ги поседува.
Боно од акциите заработил вистинско богатство. Во 2009 година Боно купил 2.3% од вредноста на Фејсбук, инвестирајќи во нив заедно со соработниците од „Elevation Partners“, 756 милиони фунти. Тие акции денес се вредни околу 940 милиони фунти.
На тој начин Боно во последните шест години, благодарение на неговата паметна инвестиција заработил повеќе пари отколку во текот на целата негова музичка кариера, надминнувајќи го богатството и на Пол Меккартни кој поседува „само“ 730 милиони фунти.