Фото: Getty Images
ЕУ навистина сака технолошките компании да си ја сфатат сериозно работата кога станува збор за политичката содржина на нивните платформи, па издаде нови насоки за тоа како компаниите како „Твитер“, „Гугл“ и „Фејсбук“ треба да се справат со нелегални содржини на нивните европски веб-страници: брзо, проактивно и со човечки надзор.
Европската комисија, извршното тело на ЕУ, препорача дека технолошките компании од нивните платформи треба да избришат секаков вид нелегални содржини - вклучувајќи и терористички материјали, детска порнографија и говор на омраза, во рок од еден час по пријавувањето од страна на службениците за спроведување на законот. Комисијата соопшти дека би сакала да види поголема употреба на проактивни мерки, вклучувајќи и автоматско откривање и човечки надзор, со што ќе се избегне ненамерно или погрешно отстранување на содржини што не се незаконски.
Вреди да се нагласи дека засега ова се само строги упатства. Техничките компании не се законски обврзани за новите препораки, меѓутоа, Комисијата изјави дека ќе го следи нивниот ефект и ќе го примени неопходното законодавство доколку компаниите не успеат да ги реализираат посакуваните резултати.
Ова не е првпат Комисијата да им се заканува на технолошките гиганти со необврзувачки препораки. Во септември минатата година Комисијата објави упатства за „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“ и „Мајкрософт“ во кои наведува начини со кои
компаниите можат подобро да се борат против нелегалниот говор на омраза. Во декември 2016 година ги критикуваше истите компании за несоодветно усогласување со кодексот на однесување што компаниите го потпишаа во мај истата година, со кој ги поттикна да се справат со нелегалниот говор на омраза во рок од 24 часа.
Со оглед на тоа што овој договор не се покажа како ефективен, не е јасно зошто технолошките компании овој пат би ја послушале Комисијата.