X
 23.09.2015 Економија

Како да заработите на "YouTube"?

Сопствениците и авторите на различни видео снимки на „YouTube“ од територијата на земјите на поранешна Југославија како и Албанија, добија шанса да заработат од спонзорства и реклами кои ќе се прикажуваат на нивните клипови.

 

kanal


Белград беше домаќин на првата регионална обука за 250 најуспешни автори на видео клипови од овој регион.

Александар, Милица и Милан имаат само 20 години, а нивните видео клипови се прегледани од околу 10 милиони луѓе.

Според зборовите на Александра Лештариќ, која прави туторијали за употреба на технолошки вести, и во Србија може да се живее од тоа.

„Постојат разни спонзорства - барем во мојот случај во изминатава година започнаа да ми се јавуваат некои од најголемите светски компании од светот на технологијата. Претходно ги бркав за да ми се јават и да добијам реклама“, вели Александра.

Музиката, видео игрите, разновидните туторијали, шминкањето и готвењето се најгледаните видео содржини. Компаниите нудат соработка со оние кои имаат најмногу прегледи.

 

1


„Ни се јавуваат компании од Кина, ни даваат разни уреди за рецензија или пак некогаш тоа е компанија која бара во видео снимката да биде споменета или така нешто за одредена сума на пари. Од самиот „YouTube“ не може да се живее, но дефинитивно може од соработката со другите компании“, вели Милица Периќ Ковалска.



Кратките скечеви и пародиите се специјалност на Милан Иниќ.

„Имаме 150 видеа на нашиот канал и преку 50 милиони прегледи. Бројката секојдневно расте. Нешто што ќе го направиш денес, и за две години ќе добива прегледи“, вели Иниќ.

За отворање канал на мрежата и сметка на која пристигнуваат пари потребни се околу 15 минути, а се` останато е креативност и работа, велат експертите.

„Отворате сметка која ви овозможува да добивате пари и кога ќе го притиснете црвеното копче, работите започнуваат да се случуваат, рекламите пристигнуваат на вашиот канал. Колку повеќе гледачи имате, колку имате поинтересна содржина, толку повеќе добивате реклами и повеќе заработувате“, открива Маријана Прпиќ, директорка на „YouTube“ за јадранскиот регион.

Заработката е тајна, но сопственикот на најуспешниот канал на оваа платформа годишно заработува повеќе од 7 милиони долари. Најважно е тоа што секој може да започне сопствен бизнис, без оглед на јазикот, местото на живеење и ситуацијата во која се наоѓа земјата, што е доста важно за нашиот регион.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија