Професорот Џејмс Медоу стои на чело на истражување кое покажува нешто што за луѓето одамна се прашуваат. Имено, се работи за аурата која ја имаат луѓе. Таа навистина постои и е составена од микроби како бактерии и габички.
Овие микроби паѓаат по нашето тело секогаш кога ќе се почешаме, кога ќе ја помрднеме раката или кога зборуваме со некого. Дури и кога седиме и не правиме ништо, околу нас се наоѓа наш личен балон од микроби сочинет од милијарди бактерии, габички и клетки.
Во
истражувањето пишува дека сите овие честички создаваат облак кој се создава околу нас и кој е уникатен за секој човек.
Интересно е да се забележи дека секогаш кога ќе поминеме покрај некого и почувствуваме студен воздух преземаме дел од неговите микроби од облакот, а можеби и му предаваме од нашите.